Немав татко да ме насочи кон спортот, но јас ќе го научам син ми да биде боксер: Вељко Ражнатовиќ отворено признава

фото: M. M./ATAIMAGES
На следниот меч на Вељко Ражнатовиќ, тримесечниот син ќе биде во првите редови со својата мајка Богдана.
Како што истакнува Вељко, имало период кога пишувал песни и бил аматерски музичар, но вели тоа го правел затоа што немал татко до него, кој би го насочувал кон спорт.
Вељко Ражнатовиќ се подготвува за првиот натпревар во бокс, откако го прележа коронавирусот.
Боксерот во рингот ќе се соочи со украинецот Денис Казаков, а неговиот син Жељко ќе биде во првиот ред.
"Мојот син ќе дојде на тој натпревар! Тоа ќе биде прв пат да го види татко му во рингот. Би сакал мојот син да биде боксер. Не верувам дека ќе биде пејач. Тоа не е за машката страна на Ражнатовиќ, само за женската.
Мислам дека ќе биде малку попаметен од мене. Вистина е дека пишував песни своевремено, но јас немав татко кој ќе ме насочи кон спорт... Жељко мора да го научам да биде спортист! Сигурен сум дека тој ќе биде заводник, но не знам дали ќе се ожени млад како мене“, вели Вељко и додава дека бабата Цеца и бабата Данијела се борат за тоа кој повеќе ќе се грижи за внукот.
"Сите ни помагаат, па затоа можам да се посветам на тренингот. Сопругата Богдана се грижи за Жељко, а и мојата и нејзината мајка се таму. Сите се борат околу тоа кој ќе се грижи за него", искрен е Вељко.
извор:glossy.espreso.rs
Спијат на постелнини со нивни иницијали: Погледнете како изгледа брачниот кревет на Богдана и Вељко