Ни одзеде блиски, ни одзеде здравје, ни одзеде мир: Д-р Митов за последниот ден од 2020-тa година

Добивај вести на Viber

фото:facebook/dr.a.mitov

Пред прагот на 2021-ва година, вечерва ќе ја испратиме можеби најтешката и најчудна година која ја памети светот.

Денес социјалните мрежи се исполнети со емотивни статуси, желби, честитки, пораки за здравје, среќа и мир во новата 2021-ва година.

Особено ни го привлече вниманието добропознатиот д-р Митов, со емотивен статус за последниот ден од годинава, доловувајќи тoчно што изгубивме, а што добивме во годината што изминува. 

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

„Последниот ден од 2020-та...

Многу ни одзеде оваа година. Ни одзеде блиски, ни одзеде здравје, ни одзеде мир.

Ни одзеде скапоцено време кое требаше да го поминеме со драги пријатели.

Ни ја одзеде слободата и спокојот...

Но нема, и не може да ни го одземе највредното во нас - ГРИЖАТА ЕДЕН ЗА ДРУГ. Човечкото!

Не нѐ раздели, туку нѐ зближи.

Не нѐ скрши, туку нѐ зацврсти.

И нѐ потсети над СЀ: ЕДЕН НА ДРУГ СМЕ СИ НАЈГОЛЕМОТО БОГАТСТВО!

После ваква мачна година, како да се потсетивме - нема потопло од ПРЕГРАТКАТА!

Толку многу испуштивме...

... да надокнадиме во 2021! ЧУВАЈТЕ СЕ!