Новак и Јелена скромно го прославија Арангеловден: Две македонски пејачки им ја честитаа славата

Добивај вести на Viber

Новак Ѓоковиќ на сите православни верници им ја честиташе вчерашната слава Св. Архангел Михаил.

„Среќна слава на сите кои денес го слават Св. Архангел Михаил. Нека заштитникот не чува и води низ животот во светлост, љубов и мир“ - напиша тој на својот Инстаграм профил.


На масата на познатиот тенисер има вино, кандило и свеќа, како и славски колач и икона од светецот, а со оглед на тоа дека Србија е во тридневна жалост поради смртта на патријархот Иринеј, многумина оваа слава ја одбележаа како и Новак.

Нашите пејачки Тијана Дапчевиќ и Калиопи Букле ја искористија оваа можност и во коментар на објавата му ја честитаа славата на познатиот тенисер.