Новиот дечко на Дара Бубамара (25) бил во љубовна врска со порно актерка

Дара Бубамара го запознала 24 години помладиот Владaн во јуни на Миконос, каде што и ја започнале својата љубовна врска.
На пејачката, која е позната по тоа што привлекува скоро двојно помлади мажи, конечно ѝ цветаат рози на љубовен план. Овојпат во нејзиниот живот влегол 24 години помладиот Владaн К.
Иако се обидува љубовниот живот да го чува далеку од очите на јавноста, тоа не ѝ успева секогаш. Дара со новиот, дваесет и петгодишен дечко била на Јахорина, но иако не објавуваа заеднички фотографии, сликите од истите предели кои ги споделуваа на мрежите ги издадоа дека се на заеднички одмор.
Отвора клуб на Миконос
„Курир“ дојде до информации за новиот избраник на Дара, со кој е во врска од јуни. Станува збор за 25-годишниот Владaн К. кој веќе пет години живее и работи во Дубаи.
– Владaн е Србин кој решил кариерата да ја гради во Дубаи. Вработен е како менаџер во еден престижен ресторан. Во наредниот период почесто ќе престојува на Миконос, каде што живеел четири месеци пред да замине во Емиратите.
– Љубовта на Дара и Владaн избила ненадејно за време на еден ноќен настан на Миконос, каде што таа беше на летен одмор во јуни на одмор. Владaн бил магепсан од изгледот на Бубамара – отсекогаш имал слабост кон позрели и успешни жени, а пејачката особено му паднала в очи.
Дара накратко изјави за медиумите:
– Среќна сум, но за приватниот живот не би сакала ништо да коментирам – порача таа со насмевка.
Инаку, Владaн неодамна „исчезна“ од социјалните мрежи откако го исклучи својот профил на Инстаграм.
Извор / Мета