Од Флорида со љубов: Сара ќерката на Индира со роденденска порака од преку океанот

Добивај вести на Viber

Поранешната ракометарка и еден од најголемите спортски имиња на македонската ракометна сцена, Индира Кастратовиќ, деновиве го прослави својот роденден во кругот на семејството и најблиските. Меѓу највпечатливите честитки се издвојува онаа од нејзината ќерка Сара, која преку емотивна објава од САД ѝ посака среќен роденден на својата мајка.

„Среќен роденден, на најдобрата мајка“, напиша Сара на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од нивни заеднички моменти.

Иако ќерка на двајца познати ракометари – Индира и Зоран Кастратовиќ – Сара не го продолжи спортскиот пат на своите родители. Наместо спортот, таа избра сосема поинаков правец. Средното образование го заврши во САД, каде што живееше со тетка ѝ, сестрата на Индира, а по матурирањето, реши таму и да продолжи со високо образование на факултет во Флорида.

„Тоа беше нејзина желба, трета и четврта година да ги заврши во Америка, а јас и Зоран сме тие кои можеме само да ја поддржиме. Не ја буцкавме, туку самата изрази желба да се обиде таму. Сега за сега одлично ѝ оди, сѐ е како што треба, таа е задоволна, па ќе видиме за понатаму. Мило ми е што живее со  тетка ѝ, со мојата сестра која ѝ е исто така голема поддршка“, изјави Индира во интервју за „Женски магазин“.

Кастратовиќ тогаш откри и дека Сара уште од мали нозе не покажувала интерес за ракометот, туку била вљубена во танцот – особено хип-хопот. „Сара од мала ја влечеше хип-хоп танцот. За ракомет никогаш не пројавила желба и ние не ја форсиравме“, искрено изјави Индира.

И покрај тоа што е далеку од дома, Сара секогаш наоѓа начин да ѝ покаже љубов и поддршка на својата мајка.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм