Од игрите во паркче со другарчињата, до светска титула и фотосесии во Мароко и Малдиви: Портрет на Лара Станчева

Лара Станчева (15) е победничка на изборот за Top Model International 2025, кој се одржа, во престижната сала Sporting Monte Carlo, во конкуренција од 59 модели од целиот свет.
Оваа победа ѝ овозможи учество во два големи проекти, две големи кампањи за светски познати модни брендови, за кои снимањата во наредниов период ќе бидат во Маракеш, Мароко и на Малдивите. Лара е ученичка во СУ Георги Димитров од Скопје. Дел е од томот на модното студио „Црнокрак“.
Мојот имиџ би го дефинирала како: одраз на мојата душа – женствен, природен и со доза на мистерија.
Моите најрани сеќавања од детството се поврзани со: игрите во паркче со другарчињата и патувањата со родителите.
Тинејџерскиот период би го опишала: како време на откривање на светот, на луѓето, но најмногу себеси. Полн со прашања, соништa и силни емоции што ме обликуваа во личноста што сум денес.
Особина која најмногу ја сакам и ја поседувам е: интуицијата. Ретко ме изневерува, а секогаш ме води таму каде што треба да бидам – со вистинските луѓе, на вистинското место.
Омилен јунак од приказните: Бел од „Убавицата и ѕверот“ – затоа што не се плаши да мисли со своја глава, чита книги и гледа под површината на нештата.
Конечно уживам во успехот: кога сум опкружена со вистинските луѓе – оние што ме поддржуваат, ми даваат сила и ме инспирираат да бидам најдобрата верзија од себе.
Неостварена професионална желба ми е: да создадам нешто што ќе инспирира – можеби своја линија на козметика
С.А.Н