Од лето кон есен: Што ѝ треба на вашата кожа?

Како што изминуваат последните денови од летото, така треба се’ посериозно да се подготвуваме за есента и за нова рутина за нега на лице, соодветна за новото годишно време. Нашата редакција подготви неколку совети кои ќе ви помогнат да му ја дадете на вашето лице негата која ја заслужува оваа есен.
Благото намалување на температурите можеби не се чувствува постојано, но тоа сепак има ефект на кожата, особено на лицето каде што кожата знае да биде чувствителна и раздразлива. Но, не грижете се, бидејќи во дрогериите на dm ќе ги најдете сите производи кои ви се потребни за целосна нега.
Тајната за нежна и хидрирана кожа се крие во хијалуронската киселина, која ја поседува супермоќта да ја одржи влажноста на кожата и да направи таа да заблеска во полн сјај. Секое утро откако ќе се разбудите, убаво измијте го лицето и нанесете Balea Beauty хијалуронски крем за лице – совршен за секоја жена која сака да го нагласи и одржи својот младешки изглед и свежина на лицето. Првичните резултати ќе ги забележите уште по само неколку дена, но со редовно користење кремата навистина ќе го истакне сјајот на вашето лице.
Во поладните месеци е важно кожата да ги добива витамините кои ѝ се потребни, а Витамин Ц е дефинитивно еден од нив. Витаминот Ц е антиоксиданс кој ги штити клетките од оштетување. Оваа предност се користи во негата на кожата за да се заштити кожата од штетните ефекти на околината. Производите за нега кои содржат витамин Ц имаат различни ефекти: ја зајакнуваат кожата, обезбедуваат блескав, здрав, изедначен тен. Затоа, секое утро веднаш по нанесување на хијалуронска крема, нанесете и Balea Vitamin C серум за лице. Оваа комбинација ќе ви обезбеди блескав изглед со свеж тен, кој ја негува и штити кожата и ги намалува знаците на замор и првите брчки.
И за крај, финиширајте ја негата со крем за околу очи од јапонскиот бренд Hada Labo, кој содржи ретинол и е исклучително ефикасен во борбата против брчките и трагите на лицето. Ретинолот е облик на витамин А, кој најчесто може да се најде во храната од растително и животинско потекло, но сѐ почесто се користи и во козметиката.Тој го стимулира производството на колаген и обновувањето на клетките и ја измазнува кожата, за да ѝ го даде оној совршен и блескав изглед што го заслужува.
Клучот на добрата нега на лицето е во комбинацијата на витамини и состојки кои ѝ се потребни на кожата за да ја задржи еластичноста, текстурата и сјајот. А местото каде можете да најдете висококвалитетни производи за нега по достапни цени се дрогериите на dm.
*ПР објава