Од улоги во, за сите нас, познати домашни филмови до брак со студентка: Се ожени со 32 години помлада жена, откако дошла кај него поради семинарска работа

Српскиот актер Небојша Кундачина (62), познат по улогите во серии како „Породично благо“, не привлекува внимание само со својата актерска кариера, туку и со приватниот живот.
Во 2019 година, тој се ожени со 32 години помладата актерка Марија, со која денес дели хармоничен брак.
Како започнала приказната
Марија и Небојша се запознале за време на нејзините студии по глума. Додека работела на семинарска задача, внимателно ги следела неговите претстави во Народниот театар и одлучила да му пријде по изведбата за да го праша за неговите улоги.
Небојша бил изненаден од нејзиниот интерес и ѝ предложил да разговараат следниот ден, кога ќе може внимателно да одговори на прашањата. Разговорите продолжиле – во театарот и за театарот – а меѓу нив спонтано се појавиле симпатии.
Од семинарска до брачна лубов
По две години врска, парот се венчал, без големи планови и стратегии, како што вели самиот Кундачина:
„Кога е вистинската личност, сè се случува лесно и природно.“
Двајцата споделуваат исти интереси – глума, музика и литература, а нивниот однос го опишуваат како романтичен и искрен.
„Денес е реткост двајца луѓе да се препознаат. Убаво е кога љубовта не ги гледа годините, туку душата,“ вели Небојша.