„Остани така сладок и шеќерен засекогаш“: Дарен синот на Тамара денес слави роденден

Синот на пејачката Тамара Тодевска наполни 6 години. Малиот Дарен на подарок доби преубави зборови и пораки од неговата мајка која ги сподели со нејзините следбеници на Инстаграм.
„Среќен роденден љубовче мамино. Не можеш да замислиш колку те сакам. Остани така сладок и шеќерен засекогаш. Ти си нашето златно дете. Хана е најсреќна што те има баш тебе за нејзин брат. А и блесав си за медаља.
Денес е твој ден. Биди ми здрав и жив“, напиша Тамара и објави неколку фотографии од синот.
Роденденска честитка Дарен доби од Лука, момчето на Тамара.
„Среќен роденден големо – мало човече! Секогаш да сме вака насмеани! И да пораснат тоа мускулите, конечно“, напиша Лука на заедничките фотографии со Дарен.
Минатата година роденденската забава на Дарен беше со познатите суперхерои, каква забава ќе има овој роденден, останува да видиме.
Фото: Инстаграм
РЖМ