Ова е сопругата на Мистер Љубе, мажот на годината, комичарот кој ја смее цела Македонија за беспари (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Комичарот Љупчо Крстевски од Битола на јавноста познат како Мистер Љубе, го ужива приматот на „Маж на годината“ со освоени 12.000 гласови од социјалните мрежи.

Љупчо повторно стана актуелен изминатиот период, иако јавноста го познава многу одамна со учеството во скечевите на К-15. Кога оваа продукција одлучи да го прошири тимот тогаш се одлучи за Барбара од Охрид, Стојне од Струмица и Љупчо од Охрид.

Комичарот на социјалните мрежи за брзо време стекна популарност со куси видеа содржински интересни, за ситуации од секојдневието.

Но покрај ваков интересен маж, кому хуморот и сатирата му се природна дарба стои жена која е негова поддршка и ветер во грб.

Љупчо од 2017 година е во брак со Елена Пишмановска, со која има две ќерки, Илијана која ја доби во 2020 година и Јоана на која стана горд татко минатиот месец.

Ведриот дух на Мистер Љубе е вистинска свежина која ни е потребна како дневна доза хумор која треба да ја консумираме.

Неговото последно видео на кое има преку 11 илјади лајкови е комична ситуација од предновогодишните забави организирани од фирмите. За денот да ви биде поубав погледнете го видеото, па може ќе препознаете некој лик од реалноста во ова видео.

View this post on Instagram

A post shared by Ljupcho Krstevski (@mr.ljube)

Фото: Фејсбук
РЖМ