Животна училница // Приказни
Почина славниот моден креатор: Светот се збогува со Пјер Карден
- 29 Декември, 2020 15:29
Тажната вест за смртта на Пјер Карден го растажи
целиот свет
Познатиот француски моден дизајнер Пјер Карден, кој ја обликуваше модата на шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век, почина на 98-годишна возраст, соопшти денеска Француската ликовна академија, пренесува Ројтерс.
Карден започна да работи во 1946 година во модната куќа на Кристијан Диор, а потоа тој придонесе за раѓањето на познатиот „нов изглед“ по војната.
Тој ја отвори својата модна куќа на крајот на 1949 година и ја прошири својата империја низ целиот свет.
Фото: Youtube/printscreen