Почина Зоран Георгиев - засекогаш запаметен по „Еден бакнеж“: Пријателите се простуваат од него

Добивај вести на Viber

Македонскиот пејач Зоран Георгиев почина во 77-та година од животот, по кратко боледување.

По краткото боледување во Белград, каде што живееше изминатите децении, на 27 август не напушти великанот на македонската песна, родум од Охрид, а ќе остане запаметен по македонскиот евергрин „Еден бакнеж“, кој во далечната 1962 година на фестивалот „Опатија“ го отпеаја со Нина Спирова и заедно победија.


Георгиев во 2012 година ја доби наградата „Буба Мара“ за животно дело.

Неговите пријатели, дуото Дац и Александар, како и Перо Христов, денес се простија од него: