Посакувам да си ги гушнам четирите внучиња, станот пак да ми се наполни со гости: Желба за 2021 на проф. др. Никола Пановски
Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања од следната година.
Микробиологот, проф. д-р. Никола Пановски, еден од најприсутните во јавноста во годинава што изминува, посебно со неговата стручност заради што со своите ставови остро се спротивставуваше на здравствените власти, а истовремено упатуваше и безброј апели до граѓаните, за следната 2021 година посакува ковид да биде кон крајот на вестите во дневно-информативните изданија.
Целата желба за новата 2021 година на проф.др. Пановски прочитајте ја на Фактор.мк