Потег кој заслужува јавна благодарност: Александар Тодоровски донираше 1500 новогодишни пакетчиња за најмалите во Општина Илинден

Добивај вести на Viber

Да, постојат и вакви луѓе - Александар Тодоровски обезбеди 1500 новогодишни пакетчиња за најмалите во Општина Илинден

Во очи на Новата година, испраќајќи ја на можеби најчудниот начин, кога целиот свет е исправен пред најтешкиот предизвик - да се избориме со невидливиот непријател, коронавирусот кој зеде многу животи, кој осиромашти многу семејства, непријател кој зеде многу насмевки и радости и ги спречи дури и најмалите да уживаат во најубавите празници.

Сепак не е се' изгубено, можеби и најважната лекција која ја научивме е да си подадеме рака во најтешките моменти и да ги пребродиме истите сплотени во срцата.

Токму на еден ваков убав гест наидовме денес, гест кој заслужува јавна благодарност.

Се работи за подвигот на Александар Тодоровски, кој како општествено одговорен граѓанин кој во ова тешко време на стопанисување, лично од неговиот буџет издвои финансиски средства и обезбеди 1500 новогодишни пакетчиња кои беа доделени на најмалите од Градинката Гоце Делчев- Илинден и Миладиновци, како и во основните училишта ООУ Гоце Делчев-Илинден, „Ристо Крле“ – Кадино и „Браќа Миладиновци“ – Миладиновци со честитки за среќна и успешна Нова Година, објавија од Фејсбук страната на Населба Илинден.

-Непроценливо е чувството со овој мал гест да ги направите дечињата среќни, насмеани и исполнети во ова време на пандемија со ковид-19, вели Александар по доделувањето на пакетчињата и додава дека му било задоволство да го стори тоа.