Потрошила 88.000 евра на операции по породувањето и целосно го променила изгледот: Коментарите не престануваат сега

Добивај вести на Viber

Клео Соуза, мајка од Бразил го предизвика вниманието на јавноста откако откри дека потрошила дури 88.000 евра на низа естетски и неинвазивни процедури за подобрување на својот изглед.

Откако ја родила својата единствена ќерка, Клео решила да се посвети и да помине низ трансформација која, како што вели, и помогнала да се чувствува поубаво, посамоуверено и поудобно во своето тело. Сепак, тaa нагласува дека целта на постапката не била да се врати на својот „стар изглед“, туку да влезе во сосема нова фаза од животот.

-Ова не е обид да се врати времето назад. Не сакам да бидам истата личност што бев пред породувањето. Сакам да бидам нова верзија од себе - посилна, посреќна и посигурна, изјавила Клео.

Иако точните процедури на кои таа била подложена не се наведени, се верува дека тие вклучувале комбинација од хируршки и третмани без нож, а сето тоа имало за цел да го подобри нејзиниот физички изглед и внатрешното чувство на задоволство.

Нејзиниот потег предизвика многу коментари на социјалните мрежи, но Клео тврди дека на жените, особено на мајките, им е важно да се грижат за себе и за своето ментално и физичко здравје - на начин кој најмногу им одговара.

Како изгледала Клео пред операциите




После операциите 



Извор на фото: Profimedia.com / Извор: ona.telegraf.rs