Повеќе од пријателство - Неда Украден и Ацо Пејовиќ во топла прегратка: Заедничка прослава во знакот на гламур и скапоценост!

Добивај вести на Viber

Познатата пејачка Неда Украден уште еднаш покажа дека знае како да ги негува вистинските пријателства.

 Таа на својот Фејсбук профил објави фотографии од заедничка прослава со колегата Ацо Пејовиќ, каде нивната блискост и пријателство беа повеќе од очигледни. Тие се и повеќе и пријатели, толку време поминуваат заедно што веќе стануваат како семејство.

На сликите може да се види како двајцата уживаат во позитивната атмосфера, разменуваат насмевки и прегратка што ја потврдува нивната искрена почит и долгогодишна врска.

Неда, која со години важи за дама со големо срце и позитивна енергија, често истакнува колку ѝ значи кругот на луѓе со кои се опкружува. 

Пријателството со Пејовиќ е токму таков пример – врска изградена врз меѓусебна доверба, искреност и поддршка.

Фановите на социјалните мрежи бурно реагираа на објавата, со бројни коментари во кои ја поздравуваат нивната блискост и ги нарекуваат „двојка што зрачи со харизма и позитивност“. 

Судејќи според сликите, Неда Украден и Ацо Пејовиќ и понатаму остануваат пример дека во светот на естрадата, покрај професионалните соработки, постојат и искрени пријателства што траат со години.

РЖМ