Познатата пејачка призна дека била во љубовен однос со жена: Проговори и за аферата со оженет маж

Алка Вуица раскажа како во осумдесеттите било модерно да се мазиш со пријателка, а откри и свое искуство додека била љубовница на оженет маж.
Пејачката Алка Вуица (64) со децении е присутна на јавната сцена, а покрај музичките хитови по кои е препознатлива, нејзиниот приватен живот често предизвикувал внимание.
Една од најголемите афери
Една од најпознатите афери се поврзува со фудбалерот Игор Штимaц, со кого била во врска додека тој бил во брак. Самата Алка подоцна призна дека таа врска оставила горчлив траг.
– Многу ја ценам Сузана и жал ми е што поради мене беше повредена. Судбината ги спои нашите животи на грд начин, бидејќи и двете го сакавме истиот маж и му верувавме – изјавила пејачката во едно интервју.
Зборувајќи за своите избори во љубовта, отворено признала дека била љубовница.
– Мислам дека тоа е понижувачко за секоја жена и никому не би препорачала да влезе во таква врска. Во таков однос не можеш да останеш недопрен, колку и да мислиш дека можеш. Мажите што имаат љубовници секогаш заведуваат и раскажуваат тажни приказни, но на крајот секогаш жената е таа што страда – изјавила Вуица за Слободна Далмација.
Искуство со жени
Пејачката во повеќе наврати зборувала и за искуствата со жени, кои ги опишала како убави и искрени.
– Во осумдесеттите тоа беше модерно, не беше „фраерка“ ако немаше другарка со која се мазиш. Никогаш не сум била заљубена во жена, но сум имала искуства и тие беа прекрасни. Сметам дека сите луѓе се бисексуални и дека поголемиот дел од односите се базирани на сексуалност. Постојат жени кои никогаш не ме привлекле, но и такви кои веднаш ме привлекле – открила за Express.
Таа признала дека и денес ѝ приоѓаат помлади мажи.
– Јас сум премногу паметна, премногу убава и никој не ми е рамен. Неодамна ја гледав Џејн Фонда која рече: „Молам? Каков маж?! Ми требаат добри другарки, патувања, воопшто не ме интересира тоа“.
Мажите се многу барани, треба многу да им се посветиш, а јас не сум заљубена. Да бидам во врска само за да бидам во врска – тоа не го сакам – рекла пејачката, која открила дека никогаш не добила скапи подароци од своите партнери.
Имала „скржави“ мажи
– Немав мажи што беа дарежливи, повеќето беа скржави. Добро, ќе добиев шампањ, ланче, парфемче, марама од „Hermes“, ама да се разбудам и да видам Audi A6 со црвена машна пред врата – што отсекогаш сум посакувала – тоа никогаш не го доживеав. Такви работи секогаш сама си купував. Сè стекнав сама – нагласила во подкаст на „Вечерњи лист Show“.
Алка Вуица и денес важи за една од најинтригантните личности на јавната сцена, а нејзините изјави и натаму предизвикуваат големо внимание.
Извор / Принтскрин Инстаграм