Пред 25 години нѐ напушти „кралицата на срцата“: Лејди Дијана во овие комбинации остави длабока трага во светот на модата

Таа остана запаметена и во светот на модата како некој што поставуваше модни стандарди во тоа време, понекогаш кршејќи некој кралски протокол, но сето тоа на достоинствен начин
На денешен ден почина саканата принцеза Дијана. Сообраќајната несреќа во Париз е обвиткана со мистерија, па теориите на заговор за нејзината смрт продолжуваат да кружат низ светот и денес.
Страшната несреќа се случи на 31 август 1997 година, кога загинаа Лејди Ди, нејзиниот придружник, синот на египетскиот милијардер Доди ал-Фајед и нивниот возач Хенри Пол. Нејзиниот телохранител Тревор Рис-Џонс бил единствениот кој ја преживеал несреќата.
За нивната смрт прво се обвинети папараците кои ги следеле во автомобилот зад нив, а потоа и возачот кој бил под дејство на алкохол. Имаше и тврдења дека се работи за убиство нарачано од семејството, а во операцијата била вклучена и тајната служба МИ6.
Омилената принцеза, која беше синоним за човечка непосредност, добрина и спонтаност, имаше само 36 години кога почина. Таа остана запаметена како ниеден член на кралското семејство досега бидејќи ја сакаше не само Велика Британија, туку и целиот свет.
Дијана фасцинираше од својот изглед и од тоа колку е директна и срдечна за член на кралското семејство. Таа беше природна убавица која зрачеше каде и да се појави. Таа остана запаметена и во светот на модата како некој што поставуваше модни стандарди во тоа време, понекогаш кршејќи го кралскиот протокол, но сето тоа на достоинствен начин.
Од нејзиниот лежерен стил до нејзиниот незаборавен „одмазднички фустан“, правиме осврт на најдобрите изданија на Дијана.
Одмаздничкиот фустан
Легендарното издание на принцезата влезе во историјата поради веста која се појави истата вечер кога таа го носеше.
Тогаш се случија две работи. Принцезата Дијана се појави на забава организирана од магазинот „Vanity Fair“, додека принцот Чарлс јавно се појави на телевизија кога бесрамно ја призна прељубата со Камила Паркер Боулс.
Токму оваа изјава на Чарлс, која беше премиерно прикажана тој ден во документарниот филм наречен „Принцот Чарлс кажува сѐ“, беше причина Дијана да извади фустан од плакарот што чекаше посебна пригода.
Сино одело
Синиот костум кој Дијана го носеше за да се фотографира со свршувачката со принцот Чарлс е избран сосема случајно.
Тогашната 19-годишна Дијана ја посетила продавницата Bellville Sassoon, но не можела да најде ништо што ѝ се допаѓа. Продажниот соработник не ја препознал, па и предложил да оди во блиската стоковна куќа. После тоа, принцезата и нејзината мајка се вратија во продавницата и избраа сино одело таму, што предизвика долгогодишна соработка меѓу принцезата Дијана и овој бренд.
Венчаница на принцезата Дијана
Познатата венчаница на Лејди Ди е вистински пример за невестинска мода во раните 1980-ти.
Собраната јака и надуените ракави се највпечатливиот дел од оваа раскошна венчаница дизајнирана од Елизабет и Дејвид Емануел.
Црн фустан за танцот со Траволта
За време на посетата на Белата куќа во Вашингтон, каде што танцуваше со актерот Џон Траволта, принцезата Дијана носеше фустан со отворени раменици, црни ракавици и бисерен ѓердан.
Црвен фустан
Краткиот црвен фустан со машна на деколтето, во комбинација со црвени чевли и чанта, остана запаметен како едно од најфаталните изданија на Лејди Ди во кое се појави во 1995 година во Париз.
Црвен костум со точки
Во 1985 година Дијана носеше незаборавна комбинација на црвен костум со бела кошула со црвени точки популарно наречени туфни и докажала дека и тогаш точките биле непогрешлив моден избор .
Подеднакво гламурозна во опуштени изданија
Дел од она што го направи нејзиниот стил незаборавен беше нејзината способност да носи гламурозен топчест фустан еден ден, а лежерна гардероба следниот ден, при што двете изданија изгледаат подеднакво неверојатно.
Foto: Instagram
Извор: Телеграф.рс
Двајцата најголеми фраери во Холивуд се степале поради принцезата Дијана на вечера: Еден денес се разведува, а по другиот жените „умираа“, но исчезна од лицето на земјатаТој беше единствениот кој ја преживеа страшната несреќа во која загина светската миленичка: Последиците се сè уште видливи на неговото лице и 25 години подоцна