Пред 4 месеци се вери, беше на врвот на убавината и кариерата: Ненадејно почина 32 годишната актерка Чарлби Дин

Добивај вести на Viber

Јужноафриканскиот модел и актерка Чарлби Дин почина во понеделникот на 32-годишна возраст од „неочекувана и ненадејна болест“ во болница во Њујорк. 

По низа убави работи кои ѝ се случуваа периодов, нејзиниот живот згасна неочекувано...


Нејзината трагична смрт следеше само неколку недели пред премиерата на црната комедија „Триаголник на тагата“, која дури се споменуваше и како кандидат за Оскар, а која требаше да ја лансира оваа убавица на листата А на холивудските ѕвезди.


Чарлби беше на врвот на убавината и на почетокот на големата кариера, а розите и цветаа и на емотивно поле - пред четири месеци се сврши со својот избраник Лук Чејс Вокер. По 4 години врска, тој ја запроси на Менхетен, на истата улица каде што се бакнаа за прв пат.

Манекенката живеела со својот вереник и кучето во населбата Холивуд Хилс во Њујорк, каде имала куќа.

View this post on Instagram

A post shared by Charlbi Dean (@charlbi143)


Пред споменатата комедија, Чарлби имаше уште неколку улоги, а најмногу се истакна во филмовите „Black Lightning“, „An Interview with God“ и „Spud“.

Семејството и пријателите, но и цел свет се збогуваат со оваа 32-годишна девојка чиј живот згасна прерано.

извот:stil.kurir/espreso