Продолжениот викенд го искористија да го украстат домот празнично: Ѕирнете како изгледа елката на Агнеса, Милена Антовска и Гавазова

Неколку наши јавни личности го искористија продолжениот викенд да ја накитат новогодишната елка и својот дом празнично
Полека но сигурно Новата година и божиќните празници ни тропнуваат на врата. А тоа значи многу светилки, украси, песни, другарувања и веселба.
Дел од нашите познати дами, оние барем кои не го искористиле продолжениот викенд за шетање, го украсија домот за пречекот на Новата година и Божиќ.
Она кое го забележавме на социјалните мрежи од нивните објави е дека повеќето дома уживаат во голема новогодишна елка, Дедо Мраз, светички во најразлични бои, а за најмалите имаат и персонализирани лампиони на кои го пишува нивното име.
Погледнете како изгледа новогодишната елка на водителката на утринската програма на Канал 5, Милена Антовска Станковска:
Милена внимавала и останатите украси да бидат во склоп со боите на елката.
Ѕирнете и како ја накитила елката нашата поп-фолк ѕвезда Сузана Гавазова. Пејачката редовно споделува дел од својот дом, како го поминува денот со децата или како се снаоѓа во кујната, а сега отки и кои бои преовладуваат во нивниот дом за новогодишно-божиќните празници.
Кај инфлуенсерката преовладуваат повеќе убавите божиќни цветови кои даваат навистина одлична декоративна нота, а можеби и најпосебен и уникатен детаљ на новогодишната елка кај Агнеса е ангелчето, односно врвот на празничното дрво.
Фото: Инстаграм