Прогласена е за наубава новогодишна елка во Европа: Втора година по ред истиот град освојува прва награда

Добивај вести на Viber

Најубавите традиционални саеми ширум Европа оваа година се откажани поради пандемијата на коронавирус...

Но, дури и во отсуство на традиционалните саеми, плоштадите на светските метрополи се украсени со импресивни новогодишни елки. И, можеби мислите дека најубавата европска елка се појави во Париз, Лондон или Милано, но оваа година главниот град на Литванија е на врвот, а тоа дури ни ривалите не сакаат да го признаат тоа.

Втора година по ред, главниот град на Литванија, Вилнус, беше избран за град со најубава новогодишна елка во Европа, оставајќи ги зад себе Прага и другите големи градови.

Овогодинешната новогодишно елка од Вилнус е навистина надреална креација која е комбинира на традицијата, модерноста и одржливоста. Инсталацијата во форма на конус, поставена веднаш до црквата Свети Јован, е дизајнирана така што можете безбедно да ѝ се восхитувате од далечина.

Композицијата висока 24 м се состои од метални панели украсени со светла што ја менуваат бојата однадвор и огледала од другата страна. Овде, како и претходните години, металната рамка е украсена со вистински гранчиња од смрека, собрани од блиските шуми. Повеќестраната модерна фасада се отвора доволно за да открие живата и брилијантно украсена смрека внатре. Внатрешноста гарантира дека Божиќниот дух ќе живее и покрај пандемијата.

Визуелно, елката изгледа како надреална слика - модерната композиција висок 24 метри е опкружена со 6.000 живи и миризливи гранки украсени со скоро 4 км новогодишни сијалички што ја менуваат бојата, 800 сребрени украси и 150 квадратни метри огледала. Најсовремената инсталација е всушност двојна: со поставувањето на металните конструкции се создаваат неколку површини украсени со огледала, додека внатрешноста е направена да изгледа удобно, како дом и интимно со жива елка украсена со шишарки и фенери.

Божиќните елки од Вилнус станаа популарни благодарение на оригиналните теми, уникатните украси и магичната атмосфера што тие ја предизвикуваат. Минатогодишното дрво, на пример, личеше на шаховска кралица во син фустан и сребрена наметка, чувана од редови пешаци, додека претходната имаше стилизиран часовник со подвижни снегулки.

Елката од Вилнус ќе ги воодушевува посетителите до 7 јануари 2021 година.

фото: profimedia