Просечен Божиќ во едно семејство: На нозе сум 12 часа додека сопругот игра игри
фото: facebook/TRACY SHEPPARD
Додека јас станувам во 5 часот наутро на Божиќ и не седнувам до 22 навечер, сопругот за тоа време игра игри - вели оваа мајка.
Трејси Шепард (42) од Есекс откри како изгледа нејзиниот просечен Божиќ и со тоа предизвика големо внимание на социјалните мрежи. Според неа, додека таа подготвува за празникот нејзиниот сопруг Стив (36) игра игри.
Трејси и Стив имаат две деца - Томас (9) и Кајла (8).
- Правам сè на Божиќ. Стив е многу зафатен, работи 60 часа неделно. Не ми пречи затоа што обично не покануваме гости, само ние четворица. Сепак, мразам да чистам затоа што веќе сум вработена како чистачка и ми се лоши кога ќе заминам од работа што вклучува чистење да дојдам дома каде што ме чека уште повеќе чистење - вели таа.
Трејси вели дека ги преземала сите домашни работи кога Стив започнал да работи како таксист, бидејќи тој претежно не бил дома многу време. И кога го променил работното место, таа традиција останала, па сега Трејси го поминува целиот ден во подготовки, додека Стив игра игри.

фото: facebook/TRACY SHEPPARD
- Минатата година беше прва година кога Стив веќе не беше таксист. Пред тоа, тој навистина беше постојано уморен, па логично беше да преземам јас.
Нашиот Божиќ почнува така што јас станувам околу пет наутро. Стив обично спие до околу седум и пол. Потоа ги отвораме подароците, Стив ја расплетува декоративната хартија и тука завршува неговата работа, па јас преземам. Почнувам со подготовка на појадок, класичен англиски, кој вклучува подготовка на колбаси, сланина, домати, грав, тост и компири. Јас правам чај и кафе, а за децата правам лимонада. Потоа се мијам, се туширам, им помагам на децата да ги слопат играчките.
За сето тоа време, Стив, воглавно игра игри.
Потоа започнувам со чистење на куќата и повторно готвам. Претежно празничната трпеза е иста, зеленчук, печен компир, сос и пудинг. Вообичаено печам една мисирка и едно пиле затоа што Стив не сака мисирка.
Потоа преминувам на подготовка на чоколадна торта и закуски. После тоа, треба да ги мијам садовите и да исчистам сè.
Дури и не седнувам, шетам низ куќата цел ден и подавам пијалоци и сервирам за Стив и децата. Сепак, не ми пречи да го правам тоа на Божиќ, време е за празник и сакам да ги задоволам - вели таа, додавајќи дека за прв пат тој ден, таа обично седнува околу девет и пол навечер.