Ристо Самарџиев и Петар Ренџов 50 годишното пријателство го преточија во ноти со една цел – подарок за великанот

Стиховите на „Галичица“ оживеаа како аудио - видео омаж за великанот Михаил Ренџов, македонски поет, прозаист и преведувач. Се преточија во песна од душа, и спот со срце.
Проектот е дело на Ристо Самарџиев ( вокал), Петар Ренџов синот на поетот кој го направи аранманот и Александара Јаневски режисер на спотот. Во него се вклучени и членовите на Тумбао сласа бенд. Сите со намера барем малку да му се оддолжат на големиот човек и поет.
Соработката на Самарџиев и Ренџов настаналаспонтано инормално, бидејќи не запрела никогаш .
-Ние сме заедно од второ одделение. Ова е само еден несекојдневен начин на нашата дружба која трае 50 години. „ Галичица “ ја изведовме пред 6 години на концертот на „ Тумбао Салса бенд“ кој се одржа во Универзална сала. Тогаш добивме идеја да се направи ауидо и видео издание за песната. Нејзината реализација се пролонгира поради нашите многубројни обврски – вели Смарџиев и открива дека почнале да работат на овој проект етапно пред една година.
-Прво направивме аудио снимка, а потоа го реализиравме видеото, кое се снимаше два дена. Особено ни е голем ќеиф, не само на Петар туку и на останатите вклучени во проектот, што на овој начин му оддаваме почит на еден великан кој напишал многу вредни и значајни стихови. На еден начин му се оддолживме малку за нашите дружби и за сето тоа што го направи за нас. Сите кои велат за Охриѓани дека нас од главниот град не дочекуваат со зборобвите „ Еве ги скопјанчиштава дојдоа“ се лажат. Едвај чекаа да дојдеме да снимаме спот – доплнува тој.
Музиката за „ Галачицица“ е на Ацо Јаневски, а аранжманот на Петар Ренџов. Режисер на видеото е Дарко Димитриевски. Синоќешната промоција на проектот беше збогатена со изложба на сики од Сокол Марковски инспирирана од делото „ Зраци“ на Михаил Ренџов.
С.А.Н
Фото: Ваѓел Тануровски















