Samsung го претставува Galaxy A17 5G

Компанијата Samsung Electronics ја објави достапноста на новиот мобилен телефон Galaxy A17 5G, најновиот додаток во популарната А серија. Со голем имерзивен екран, моќен систем од три камери, напредна заштита преку решението Samsung Knox Vault и интеграција на Gemini Live функционалноста, Galaxy A17 5G е создаден за да понуди извонредно корисничко искуство.
Дизајниран за љубителите на забавата, новиот Galaxy A17 5G располага со екран од 6,7 инчи со ултра-тенки рамки, идеален за маратонски филмски сесии или интерактивно гејминг искуство. Super AMOLED дисплејот го оживува секој кадар со живописни и реалистични бои, додека освежувањето од 90Hz обезбедува беспрекорни премини за уште поимпресивно визуелно доживување.
Galaxy A17 5G е наменет за креаторите на визуелна содржина, бидејќи уредот има разновиден систем со камери со висока резолуција, што им овозможува на корисниците да ги забележат секојдневните моменти со неверојатни детали. Ултра-широката камера од 5MP е совршена за снимање на восхитувачки пејзажи, предната камера од 13MP овозможува професионални селфи фотографии, додека главната камера од 50MP го фаќа секој детаљ – било на фотографии или видео – со моментални предлози за уредување и доработување на кадрите во движење.
Сега можете и да разговарате со Gemini Live за да добиете информации во реално време, да споделите моменти преку камерата за да побарате совет или идеи, или да ја користите функцијата Circle to Search со Google за резултати од пребарување без напор.
Galaxy A17 5G ја комбинира елеганцијата и практичноста, со тенко тело од 7,5 mm и заштита според стандардот IP54. Опремен е за енергетска ефикасност и непрекината видео репродукција. Долготрајната батерија од 5.000 mAh овозможува часови непречено користење со само едно полнење, а супер-брзото полнење значи дека ќе бидете подготвени за понатамошна употреба за кратко време.
Безбедноста останува врвен приоритет со Samsung Knox Vault, кој ги чува PIN кодовите, лозинките и чувствителните податоци во хардвер отпорен на манипулација, спречувајќи неовластен пристап. Покрај тоа, со шест генерации на OS надградби и шест години безбедносни ажурирања, Galaxy A17 5G е дизајниран да остане сигурен и ажуриран со години однапред.
Galaxy A17 5G е достапен кај малопродажните партнери и на Samsung.com.
За компанијата Samsung Electronics Co. Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината преку идеи и технологии што носат трансформација. Компанијата ги редефинира световите на телевизорите, дигиталното огласување, паметните телефони, носливите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство и мрежните системи, како и на мемориските решенија, LSI системите и чиповите по нарачка. Samsung исто така ги унапредува технологиите за медицинска дијагностика, HVAC решенијата и роботиката, како и иновативните решенија во автомобилската и аудио индустријата преку компанијата Harman. Со SmartThings екосистемот, отворената соработка со партнери и интеграцијата на вештачката интелигенција во својата понуда, Samsung нуди интелигентно, поврзано и беспрекорно корисничко искуство. За најнови вести посетете ја Samsung Newsroom: https://www.samsung.com/mk/.
Пр објава