Животна училница // Приказни
Се огласи Ненад Јездиќ: Лекарите решија да ме задржат во болница
- 06 Декември, 2020 11:01
Српскиот актер Ненад Јездиќ е позитивен на коронавирус.
Актерот поради кашлица, односно поради билатерална пневмонија вчера вечер беше примен во болницата „Д-р Драгиша Мишовиќ“, во Србија.
Веста ја потврди и самиот актер, наведувајќи дека добил позитивен тест за коронавирус во понеделникот, но бил упатен на домашно лекување.
"Откако тестот беше позитивен во понеделникот, ме пуштија на домашно лекување. По денешниот преглед, лекарите одлучија да ме задржат во болница, иако јас лично не се чувствувам многу полошо", рече Јездиќ.
"Јас сум во добри раце, сè ќе биде добро. Грижете се за себе и за другите. Немам што повеќе да кажам на таа тема", рече актерот.
Фото: Фејсбук/nenadjezdik