Сега кога е на врвот, реши да се повлече: Сите се воодушевуваат на причината поради која Адел ќе се пензионира од музиката

Добивај вести на Viber

Адел донесе важна одлука, а со тоа даде одличен пример за сите нас.

Пејачката Адел однапред ги распродаде сите свои настапи во Лас Вегас, цените на билетите за нејзините концерти се најниски во историјата на тој град, а сепак планира да се пензионира, бидејќи сака да остане верна на себе и на своите цели. Како што откри, таа сака да ги исполни, пред сè, сопствените очекувања.

Адел нагласи дека секогаш ќе остане незадоволна, доколку не исполни една животна желба - да стане професор по англиска книжевност. Затоа си поставила за цел да се стекне со универзитетска диплома до 2025 година. 
Иако Адел веќе има дипломирано, на Лондонската школа за изведувачки уметности и технологија во 2006 година, сепак сака да заврши и универзитет и покрај тоа што е една од најпродаваните артисти во светот.

View this post on Instagram

A post shared by Adele (@adele)


Таа има четири албуми „19“, „21“, „25“ и „30“. И во секој пееше за своите стравови, страдања и сомнежи. Без лаги и манипулации. Песните кои целосно ја разобличуваат отсекогаш наидувале на одобрување и воодушевување кај публиката и критиката. Но, сопственичката на прекрасниот глас признава дека за неа е мистерија моќта на нејзината музика.
- Не мислам дека како личност го имам тоа нешто што го имаат моите песни. Чудно ми е затоа што мислам дека во реалниот живот не сум толку „длабока“ како мојата музика – изјави таа минатата година на гостувањето кај Опра.

View this post on Instagram

A post shared by Adele (@adele)


Уште од мала сакала да ги поправа срцата на луѓето

Како мала видела колку е скршена нејзината баба по нејзината смрт, па токму тогаш сакала да стане кардиохирург, за да може да ги лекува срцата на луѓето. Сепак, тинејџерските години ја одведоа на другата страна, што се покажа дека е вистинската. Кога го сними својот прв голем хит „Someone like you“, нејзината мајка имаше многу емотивна порака за неа.

- Ти си хирург. Навистина ги поправаш срцата на луѓето – рече тогаш мајка ѝ.

Голем дел од стиховите на пејачката се посветени на нејзиниот татко, кој ја оставил кога имала само две години.

- Буквално имав нула очекувања од другите луѓе бидејќи од примерот на татко ми научив да немам очекувања. Тој беше причината поради која не разбрав целосно што значи да се има љубовен однос со некого – призна таа еднаш.

Таа немала контакт со него со децении, а се смириле три години пред неговата смрт. Пејачката истакна дека жали што никогаш не му ја отпеала „To Be Loved“, песна која точно кажува колку неговото отсуство влијаело на неа.

Таа го напишала албумот „30“ за еден ден нејзиниот син да разбере зошто се развела од татко му и му го уништила животот со тоа.

По разводот, нејзиниот живот се распадна

Адел се омажи за својот долгогодишен партнер Сајмон Конецки, го добија синот Анхел, а потоа, по осум години брак, пејачката поднесе барање за развод во 2019 година. Иако често вели дека Сајмон ѝ ги спасил кариерата и животот, бракот со него не бил она што ја исполнувало.

- Навистина не сум среќна. Јас не го живеам животот, само се обидувам да живеам. Никој не ме предупреди дека животот ќе ми се распадне по разводот – ги опиша пејачката деновите кога сфатила дека нејзиниот брак е завршен.

View this post on Instagram

A post shared by Adele (@adele)


Таа се чувствуваше како да го разочарала синот и себеси.

Свесно го уништив животот на син ми (9) со развод, за јас да бидам среќна: Адел во новите песни за сè што со години криеше од јавноста

- Се чувствував како да не го почитувам бракот, бидејќи толку брзо се разведов. Се срамам затоа што се случи толку брзо. Чувствував дека го разочарав мојот син, дека се разочарав себе си – изјави Адел.

За тоа зошто открива толку многу приватни информации во своите текстови, пејачката вели дека едноставно сака обичните луѓе да разберат дека и самата поминува низ тешки периоди.

- Музиката ми помага во многу ситуации, а би сакала и да им помагам на другите луѓе... да ги потсетам дека не се сами - заклучи таа.

Таа еднаш рече дека секој пат кога ќе сфати дека е подготвена за нов албум, оди во продавница и купува нова тетратка за да пишува текстови. А потоа на првата страница пишува колку години има. Но, како што ни се чини, следната тетратка ќе биде за предавањата по англиска литература.

Примерот на Адел нека биде показател дека секогаш треба да ги ставате сопствените желби и очекувања на прво место, бидејќи само така ќе бидете вистински среќни.

извор:stil.kurir