Секогаш нејзина голема поддршка: Елена Ристеска гордо ја фали сестрата Драгица

Секоја индивидуа има потреба од поддршка во секој сегмент од животот. А поддршката од семејството, кај многумина често е најизразена, нешто што така треба и да биде.
Токму една таква дефиниција за поддршка постојано на патот кон работата и успехот, пејачката Елена Ристеска ѝ дава на сестра ѝ, Драгица.
Таа е често нејзин ветер в грб, а така беше и овој пат на изложбата која ја имаше сестрата на Елена во Прилеп.
Меѓу првите на поставката во редовите беше и мајката на Елена и Драгица, и Делфина малата ќерка на сестрата на пејачката.
-Прекрасна изложба во Прилеп на двете уметнички, мојата сестра Драгица Ристеска и Маја Ралева Миладиновски. Кој сака се’ уште може да ја посети поставката и секако да си одбере и купи некое од делата.
За да остане во сеќавање овој миг, Елена и нејзините најблиски го овековечија со заедничка фотографија позирајќи со селфи.