Секоја чест: Бијонсе донира половина милион долари на погодените од ковид-кризата

Добивај вести на Viber

Нејзиниот пример треба да го следат сите

Американската пејачка Бијонсе ќе понуди грант од 500.000 американски долари за да им помогне на луѓето кои се соочуваат со иселување поради кризата со домувањето предизвикана од пандемијата на вирусот ковид-19.

Луѓето можат да аплицираат од 7 јануари 2021 година, објави пејачката на својата веб-страница во вторникот. Помошта ќе биде испратена до 100 лица избрани на крајот на јануари, пренесуваат странските медиуми.

Бијонсе продолжува да дава поддршка и помош таму каде што е најпотребно. Втората фаза од фондот BeiGOOD Impact сега ќе им помогне на погодените од станбената криза - се наведува во соопштението за печат на веб-страницата на пејачката.

Во него се додава дека мораториумот за домување треба да заврши на 26 декември, што би резултирало со ликвидација на хипотека и иселување и потсетува дека многу семејства беа погодени од пандемијата, што резултираше со губење на работното место, болест и целокупната економска криза.

Се проценува дека 9,2 милиони станари кои изгубиле приход за време на пандемијата доцнат со плаќање на закупнината.


Фото: Инстаграм/beyonce

Можеби ќе ве интересира:

Доказ дека љубовта победува сѐ: Бијонсе и Џеј Зи повеќе од една деценија во успешен брак