Актуелно // Insta вести
Сестрите Маријана и Росана имаат убав повод за веселба: Слават јубилеен 60-ти роденден

Најпознатите естрадни близначки кај нас, Маријана и Росана денес имаат убав повод за славење.
Славните сестри денес прославуваат јубилеј, полнат 60 години.
Маријана живее во Австралија, Росана во Скопје. Едната ќе го прослави роденденот неколку часа порано, бидејќи денот во далечниот континент започнува 10 часа пред нас.
Иако се близначки поради временските разлики роденденот го прославуваат во различни денови, но тие се секогаш заедно во срцето.
Најдобрата пријателка на Маријана Татјана Лазаревска сподели фотографија од прославата за нејзиниот јубилеен роденден, а на стори ја тагна и Росана.
Р.Ж.М.
Фото: Инстаграм/ Женски магазин - архива