Шокантно и неблагодарно: Глумела дека умира од рак, за да собере пари за венчавката од соништата

Добивај вести на Viber

фото: Picture Mirrorpix

Жена од Велика Британија „лажирала терминална дијагноза на рак“ за да собере пари за „совршена венчавка“ од донации од нејзините пријатели, пишува Метро.

Пријателите на Тони Стенден (29) собраа 8.500 фунти (околу 9.500 евра) за да може нејзиниот партнер Џејмс и таа да имаат венчавка од соништата.

Заради измамата, Стенден дури и ја избричи главата, а во емотивна молба за помош рече дека би сакала отец Дерек, кој умирал од рак, да ја одведе до олтарот.
Дерек (57) починал пред венчавката, но снимил видео за гостите на свадбата. 

Локалниот фудбалски клуб исто така снимиле видео за поддршка на младенците кои го поминаа медениот месец во Турција, а потоа отпатуваа во Германија, Чешка, Австрија, Унгарија и Италија, додека Тони, наводно била болна цело време.


На почетокот на оваа година, таа исто така тврдела дека се разболела од коронавирус, но ова предизвикало сомнеж кај нејзините пријатели кои конечно ја разоткриле.
На Тони сега ѝ се заканува потенцијална затворска казна откако минатата недела се изјасни за виновна за измама која траела од февруари 2019 до април 2020 година.

Шерил Астон (33), нејзин пријател од колеџ кој донирал 525 фунти, за Мирор изјави дека Стенден може да заработи Оскар за нејзината глума.
"Таа не изневери сите нас. Ми рече дека умира и јас паднав на тоа. Бев скршен - сите бевме".

Во февруари годинава, на Фејсбукот на Тони Стенден беше објавено дека починала. За тоа сега ги обвинува хакерите, но нејзин познаник вели дека тоа го сторила само за да привлече внимание и да види како луѓето ќе реагираат доколку помислат дека починала.

извор:index.hr