ШПАРКАСЕ БАНКА И „ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ“ СО КОНЦЕРТ НА ШКОЛКА ЗА ПОЧЕТОК НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

Добивај вести на Viber

Со големо задоволство најавуваме уште една весела дружба за најмладите! На 14 септември (недела), со почеток од 11 часот сè до 13 часот, на Школка во Градскиот парк Скопје, ќе се одржи концерт на хорчето на „Златно славејче“, со кој заедно ќе го одбележиме почетокот на новата учебна година.

Настанот ќе биде исполнет со музика, песна и многу детски насмевки, а најмладите ќе уживаат и во дополнителни креативни активности како цртање, боење и забавни игри. За време на настанот, дечињата ќе имаат можност да се дружат со своите омилени другарчиња Медо Штедо и Медена, кои секогаш носат многубројни радости и изненадувања.

Овој настан е дел од Sparkasse Life, платформата за општествена одговорност преку која Шпаркасе Банка вложува во поддршка на заедницата, на културата и на младите генерации. Со вакви активности, Банката продолжува да придонесува за поквалитетен и посреќен живот за најмладите и нивните семејства.

Ве покануваме заедно да создадеме прекрасни спомени и со многу позитивна енергија да ја започнеме новата учебна година!

*ПР објава