Сите мислеа дека живеат бајка, а потоа – ПРИЗНАНИЕ! Кетрин Зита-Џонс шокираше со исповед за бракот со Мајкл Даглас

Добивај вести на Viber

По 25 години заеднички живот, познатата актерка Кетрин Зита-Џоунс зборува за секојдневието што го дели со холивудската легенда Мајкл Даглас и признава дека зад идеалната слика се кријат бројни предизвици и тешки моменти.

Иако со години се сметаа за еден од најстабилните парови во Холивуд, 54-годишната актерка вели дека нивната љубов, исто како и секоја друга, поминувала низ кризи.

 „Делува како да живееме луксузен џет-сет живот, но вистината е дека нашиот дом треба пред сѐ да биде удобен. Сакам убавина околу себе, но не нешто пренагласено,“ вели Кетрин.

Парот поседува четири домови – два во Њујорк, куќа во Канада и имот во Шпанија, каде често престојуваат. 

Од бракот имаат две деца – Дилан (25) и Керис (22), додека Даглас од претходната врска го има синот Камерон (46). Нивните деца го поминале детството на Бермуди, а во 2009 година семејството се преселило во Њујорк.

EPA

Привремено разделување и тешки години

Во 2013 година Кетрин и Мајкл поминале низ тежок период и се одлучиле на привремено разделување. Тогаш актерот се борел со карцином на јазикот, а Кетрин се соочила со биполарно растројство. 

Одлуката да се оддалечат, како што велат, им помогнала повторно да се пронајдат еден со друг, а една година подоцна се помириле.

„Кога се двајца славни во брак, понекогаш изгледа како да се десет. Постои море од шпекулации. Најважно е да не слушаме глупости. Си го почитуваме личниот простор и секој останува независен – тоа е нашата тајна,“ истакнува актерката.

Љубов без разлика на годините

Двајцата се родени на ист ден – но со разлика од 25 години. „Слични сме, емотивни и искрени. Никогаш не ги криеме чувствата и токму тоа нѐ зближува,“ признава Кетрин.

Даглас последниве години се повлече од интензивното снимање, но таа смета дека тоа не значи и крај на неговата кариера: „Заслужува да забави, но никогаш не велам никогаш. Мајкл ја обожава својата работа и се шегуваме дека ‘пензија’ за него е релативен поим.“

Спомен за Кирк Даглас

Кетрин се осврна и на односот со покојниот Кирк Даглас, таткото на Мајкл, кој почина во 2020 година на возраст од 103 години. „Беше вистински шармер и прекрасен човек. Многу ме сакаше, а и јас него. Неговото наследство не е само филмско – тој и неговата сопруга Ен оставија длабока трага и преку својата филантропија,“ вели актерката.

Извор: Glossy