Скромната домаќинка со моќен глас: Нема да верувате каде е сега и што прави Сузан Бојл (ФОТО)

Сите се сеќаваме на Сузан Бојл која имаше трнлив пат од ѕвезда до борба со ментална болест, но сега го најде својот пат.
Сузан Бојл предизвика голема врева кога на 50-годишна возраст се појави на музичкиот натпревар „Britain's Got Talent“. Тогаш на сцената се појави како „запуштената скромна домаќинка“, и сите со неверување гледаа во неа. Но, кога ги испеа првите редови од песната „I Dreamed A Dream“, настана хаос. Преку ноќ, оваа жена стана светски позната.
Таа денес има 61 година и на нејзината банкарска сметка има околу 22 милиони фунти, но и големи проблеми со менталното здравје.
Имено, шпанските медиуми објавија дека Сузан завршила во клиника за ментално здравје во Лондон, каде престојувала неколку дена, пред настап. Кога ја напуштила оваа институција, решила да се држи подалеку од центарот на вниманието.
Иако имала повеќе од доволно пари за да си купи замок, Сузан решила да остане во својата мала куќа. Сепак, пред неколку години таа одлучи да ја купи куќата до нејзината за 111.000 фунти за да ги спои и да го создаде својот дом од соништата.
„Станува збор за сеќавањата на вашиот дом и вашето воспитување, треба да ги погледнете работите и можеби да видите од каде доаѓате и каде лежат вашите корени. Најдобро е да сте приземјени и со вашите корени. Тоа ве држи приземјени и ве спречува да кажете работи кои можеби не треба да ги кажувате“, изјави таа за магазинот „Ок“.
Иако куќата изгледа малку скромно на прв поглед, ентериерот има модерен дизајн и секоја соба има различна палета на бои.
Она на што исто така потрошила пари се часовите по возење. Сузан секогаш сакала да седне зад воланот, но се чини дека едноставно не можела да се справи со возењето. Но, таа не се откажува и дел од парите издвојува за депозити.
Да потсетиме, кога Сузан во емисија изјави дека е девица и дека никогаш не се бакнувала, нејзината популарност експлодира, а мажите редовно ѝ се јавувале, па била принудена постојано да го менува телефонскиот број.
Вечерта на финалето, додека целиот свет беше убеден дека таа е победничката на шоуто „Britain's Got Talent“, таа изгуби и истата вечер заврши во душевна болница. Излегла со дијагноза депресија, а по излегувањето од болница заминала во манастир во Шкотска.
Оттогаш таа ретко се појавуваше во медиумите, а минатата година најави дека е подготвена да се врати на сцената, но освен еден настап, ништо посебно ново не се случи.
Погледнете како изгледа Сузан Бојл денес:
фото:Profimedia