Соврешно организирани 55 квадрати за петчлено семејство: Имаат само една спална

Во време кога многумина сонуваат за големи квадратури и луксузни простори, една млада фамилија покажува дека вистинската топлина на домот не зависи од големината на куќата, туку од љубовта и досетливоста.
Во мала куќа, со само една спална соба, живее петчлено семејство – мајка, татко и нивните три деца.
Инспирација
„Живееме во најдобрата куќа на светот“ – вели ова семејство. Иако куќата има само 55 квадратни метри, архитектите успеале да го искористат просторот на неверојатен начин.
И покрај ограничениот простор, успеале да создадат функционален, удобен и топол дом во кој има место за сите.
Единствената спална соба им припаѓа на родителите – во неа има брачен кревет, ормани и неколку лични детали што внесуваат мир и чувство на приватност. Тоа е нивно мало прибежиште по еден динамичен ден со децата, со удобна фотелја каде што мајката го дои бебето.
Срцето на домот е дневната соба – светла, топла и внимателно организирана за да одговара на потребите на трите деца од различна возраст.
Зад удобната гарнитура се наоѓа кревет на спрат до ѕидот, каде што спијат двете постари деца, додека бебето има свoe креветче – сè во рамките на истиот простор.
Родителите внимателно го распоредиле мебелот за да го искористат секој квадратен метар, оставајќи доволно простор за игра, складирање играчки и секојдневни активности.
Кујната е отворена кон дневната соба – иако е мала, совршено е организирана со сите неопходни апарати, отворени полици и мал трпезариски дел.
Заедничките оброци се вистински мали семејни церемонии, бидејќи за ова семејство секој заеднички момент е – бесценет.
Извор: Foto: TikTok / meg.n.em