Спие со баба му во брачниот кревет, интимата со сопругата му е чиста – нула! Шокантни детали од бракот на Роби Вилијамс

Добивај вести на Viber

Како што и самиот изјави, поминал низ „манопауза“, пие хормони, но нема сексуална желба.

Роби Вилијамс и Ајда Филд се во брак веќе 15 години и имаат четири деца, но нивниот однос одамна не наликува на класичен брак.

Необични ритуали во домот на Вилијамсови

Ајда во својот подкаст „Postcards from the Edge“ открила дека нејзиниот сопруг има посебни барања:

– Прво го бричам во када, а потоа користам восок. Има неверојатно влакнаст грб, па бара од мене да ги отстранувам сите влакна и тоа многу детално. На почетокот беше комично, но сега е дел од нашето секојдневие.

Роби самиот признал дека зема хормони поради низок тестостерон. Двајцата повеќепати раскинувале, но на крајот се венчале и добиле четири деца.

EPA

Борба со демоните од минатото

Пејачот со години страдал од агорафобија, нарушувања во исхраната, халуцинации, па дури и чувство дека го „прогонува дух“. 

Подоцна дознал дека куќата во која живеел била изградена врз гробишта. Во тој период бил зависен од дрога и често имал суицидални мисли.

– Да останев таму, немаше добро да заврши – признал тој.

Андропауза и нови предизвици

Во интервјуа зборувал за „машкиот климакс“, кој иронично го нарекува „манопауза“. Се соочил со губење на коса, пад на либидо, несоница и чувство на исцрпеност:

– Серотонин го нема, допаминот одамна ме напушти. Ги потрошив сите добри резерви. Ќерка ми вели дека сум мрзлив, а вистината е дека сум преморен од сè што правев во деведесеттите и почетокот на двеилјадитите.

EPA

Зависности, естетика и документарец

Во пресрет на премиерата на документарецот на Netflix за неговиот живот, признал дека се ослободил од зависноста од апчиња за спиење, но и понатаму има нарушен ритам – легнува во четири наутро и спие само по неколку часа.

Продуцентите за време на снимањето му забраниле ботокс за да не се наруши континуитетот, иако тој отворено признал дека веќе го користел. Дополнително, планира корекција на заби во Турција и затегнување на вратот.

Интимата на нула, а бабата во кревет

Иако некогаш имале страстен брак, Роби сега отворено признава дека со сопругата повеќе нема интимни односи. Ајда уште во 2022 година во шега изјави дека нивниот сексуален живот е „целосно мртов“.

Сепак, она што особено ја шокираше јавноста е блискоста на Роби со неговата баба – толку се поврзани што таа понекогаш спие со нив во ист кревет.

Извор / EPA