Српскиот пејач со необичен живот: Има 24 години помлада сопруга, живеат на море, јадат риба и имаат бесплатна струја

Пејачот Милош Бојаниќ поседува луксузна вила на Црногорското приморје каде што минува доста време.
Тој ги шокираше сите кога откри дека би ја продал за дури 2 милиони евра – само доколку одлучи остатокот од животот да го помине крстарејќи по море.
– Сакам остатокот од животот да бидам на вода, на катамаран, да крстарам со мојата Бранка. Она што ќе го уловиме, тоа и ќе го јадеме. Ќе јадеме риба, ќе купуваме домати, кромид, компир, маслиново масло, мал гумен чамец за набавка на останатите работи. Ќе имаме струја бесплатно, затоа го купувам тоа, затоа што струјата е бесплатна... Ќе ставиме панели и ќе имаме електрична енергија, сè што ни е потребно – фрижидери и други работи – изјави Бојаниќ.
Што и да одлучи во иднина, едно е сигурно – Бојаниќ нема да замине од Црна Гора.
– Не си одам од Баошиќ, не си одам од Црна Гора. Можев на која било точка во светот да купам куќа или плац, но не – нагласи пејачот во интервју за „Гранд“.
Голем дел од угостителите во Црна Гора годинава се соочија со слаб одѕив на гости, а во иста ситуација се најде и пејачот Милош Бојаниќ.
Извор