Денеска е голема балканска музичка ѕвезда, но оваа фотографија открива дека како дете воопшто не се разликувала од врсниците

Добивај вести на Viber

На социјалните мрежи деновиве се појави ретка фотографија од детството на поп пејачката Марија Шерифовиќ, која предизвика носталгија и бројни коментари меѓу нејзините обожаватели.

Иако денес Марија негува сосема поинаков, неконвенционален и не типично женствен изглед по кој е препознатлива на регионалната сцена, фотографијата открива едно мало девојче кое изгледа во целосна согласност со своите врсници. 

Со уредна фризура и насмевка, младата Марија зрачела со истата искреност што и денес ја препознаваат нејзините фанови.

Facebook

Она што многумина го забележаа е дека, и покрај протокот на време, нејзините црти на лицето останале речиси непроменети. 

Очите веднаш ја откриваат дека се работи за Шерифовиќ, па голем број следбеници коментираа дека би ја препознале и без да се каже кое е девојчето на фотографијата.

Објавата брзо стана вирална, а фановите во коментарите ја потсетија пејачката дека токму нејзината автентичност и искреност се причината поради која и денес има голема армија поддржувачи низ целиот Балкан.

М.С.К