„Ме болеше што ме гледаат само како сопруга на Ноле“: Јелена Ѓоковиќ со интимна исповед открива со кои проблеми се борела

Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, отворено проговори за предизвиците со кои се соочила во јавниот и приватниот живот. Иако е позната по својата хуманитарна работа и активизам, Јелена признава дека долго време се борела со чувството дека јавноста ја гледа само како „сопруга на Ноле“.
- Сè што правев беше невидливо. Жените немаат простор да се покажат. Постои стереотип за тоа како треба да изгледа и да се однесува сопругата на еден спортист. Порано ме болеше да бидам препознаена само како негова сопруга - сега го носам тоа со гордост - изјави Јелена претходно во интервју за списанието „Стори“.
Во емотивна исповед, Јелена Ѓоковиќ зборуваше и за нејзината борба со анксиозноста и чувството дека мора да биде „супержена“ за своето семејство.
- Бев анксиозна. Мислев дека можам да направам сè, да бидам примерна сопруга, мајка, деловна жена. Но, се скршив. Тогаш сфатив дека морам да се посветам себе - призна Јелена.
Притисокот од живеењето во сенка на светски позната спортистка, како и очекувањата што ги поставила за себе, доведоа до емоционален слом. Јелена вели дека најтешкото нешто за неа било тоа што нејзината работа често останува невидлива:
- Се обидував да се натпреварувам со Нолетѓ. Мислев дека не добивам доволно признание и дека мојата напорна работа не се гледа.
Денес, сопругата на Новак Ѓоковиќ истакнува дека е благодарна за таа животна лекција, бидејќи ја научила колку е важно да се грижи за себе и за своето ментално здравје.
ФОТО: EPA/JOEL CARRETT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT (И.С.)