Како Милица Павловиќ лесно симна 10 килограми? Ја држела ЈАПОНСКАТА ДИЕТА и вишокот се стопил преку ноќ

Добивај вести на Viber

Фолк ѕвездата Милица Павловиќ пред неколку години откри детали од својот необичен пристап кон исхраната, познат како „банана диета“, кој, како што тврди, ѝ помогнал брзо да се ослободи од вишокот килограми. 

Денес, кога нејзиниот изглед сè уште плени внимание, многумина повторно се прашуваат во што се крие тајната на нејзината линија.

Пејачката нагласува дека на овој режим се одлучила по разговори со пријатели и сопствени истражувања, но пред сè – по консултација со лекар. 

„Без консултација со стручен човек, ништо. Секој мора да пронајде што најмногу му одговара на сопствениот метаболизам“, изјави Павловиќ.

View this post on Instagram

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)


Како изгледа „банана диетата“?

Основата е едноставна: секое утро денот започнува со три банани и чаша вода или млеко со малку масти. Ова, според Милица, делува како „ресетирање“ на организмот, бидејќи бананите се богати со растителни влакна и обезбедуваат енергија без чувство на тежина.

Ручекот и вечерата варираат, но се фокусираат на лесни и хранливи комбинации. За ручек најчесто јаде динстано поврќе со месо, рибja чорба или интегрална тестенина со сос од домати.

Вечерата пак, се состои од лесно месо – мисирка или риба – во комбинација со свежа салата.

Некои од примерите што ги споделила се: супа од зеленчук со салата од зелка и пилешко за вечера; спанаќ со ориз за ручек, а потоа лосос со интегрален леб; или пак резанци со доматен сос и цвекло на ручек, а за вечера телешко со салата.

Потекло и популарност

Банана-диетата стана популарна во Јапонија по објавување на книга која ја промовирала како ефикасен начин за слабеење. 

Јапонецот Хитоши Ватанабе, кој со неа изгубил 18 килограми за неколку месеци, ја направи светски позната.

Според оваа практика, појадокот мора да е од банани и вода, а во текот на денот може да се јаде скоро сè – без претерување. 

Клучно е и доволно спиење, бидејќи хормоните кои го контролираат апетитот (грелин и лептин) зависат од одмор.

Извор: Glossy