Бебе паднало од 70 метри височина кај манастирот Острог, останало недопрено иако количката била уништена: Чуда на најголемото балканско светилиште

Добивај вести на Viber

Меѓу верниците од Балканот кружат безброј приказни за чудотворноста на моштите на Свети Василиј Острошки. Меѓу нив една од најинтересните е онаа за искуството на американскиот сенатор Вилијам (Бил) Бар

Неговата сопруга, американски психијатар со југословенско потекло, Доња Галиќ Бар, во нејзината книга „Сина гулабица“ ја пренесе приказната за аџилакот на нејзиниот сопруг во манастирот.

Републиканскиот сенатор од Илиноис, Вилијам Бар, во 1970 година преживеал обид за атентат. При тоа бил тешко повреден и лекарите не успеале да му ја спасат ногата.

 Болките му предизвикувале огромни проблеми, а докторите речиси биле немоќни да ја сузбијат треската и другите тегоби што сè почесто го погодувале. Според неговите зборови, една вечер сонувал чуден сон во кој се искачувал кон висока карпа во чија средина имало мала бела црква. 

Во сонот што се повторувал од вечер во вечер, пред храмот го чекал старец со бела коса и брада, кој на непознат јазик го водел низ одите на црквата и со допир исцелувал болни луѓе.

На сопругата ѝ раскажувал за сонот, но ниту тој ниту таа тогаш знаеле за кој светец и храм се работи. Во потрага по лек, се запознал со човек кој изработувал современи протези и кој бил од југословенско потекло. Во неговата канцеларија забележал слика од бел манастир во карпа и икона на Свети Василиј Острошки. Тогаш дознал повеќе за Острог и решил да го посети. Тоа го направил во 1980 година заедно со група пациенти со ампутирани екстремитети.

Во деновите пред посетата на манастирот, сенаторот Бар водел скромен, испоснички живот и научил молитви на српски јазик. Секојдневно со голем физички напор се искачувал до Горниот манастир, привлечен од некаква силна енергија. За посетите на Горниот манастир рекол дека не можат да се споредат со ништо на светот. 

Болките значително му се намалиле додека ден по ден клечел пред моштите на Свети Василиј Острошки молејќи се. Од аџилакот во Црна Гора се вратил без болки, со обновена вера и дух, носејќи неколку икони од светецот кои ги подарил на блиски луѓе.

Покрај оваа приказна постојат и многу други што се прераскажуваат меѓу народот. Една од највпечатливите е онаа за мајка која несмасно ја оставила колевката со бебе на бедемот над манастирот. 

Немирното бебе ја превртело колевката која паднала од над 70 метри височина. Чудесно, иако колевката се скршила на парчиња, бебето останало живо и здраво.

Многу луѓе сведочат дека токму пред моштите на Свети Василиј пронашле лек за физичките болки или доживеале духовно просветлување. Некои напуштиле расипнички живот откако во сон добиле откровение. 

Безброј се случаите на повратена моќ на говор, а посетители доаѓале од сите континенти низ вековите. Многумина го избираат Свети Василиј за свој духовен заштитник и за крсна слава.

Манастирот Острог е еден од најпосетуваните верски храмови на Балканот. Него го посетуваат верници од целиот свет, сами или во организирани групи.

 Неговата посебност е во тоа што како светилиште го признаваат православци, католици и муслимани. Сите тие веруваат дека моштите на Свети Василиј Острошки се чудотворни и носат исцелување и духовно преобразување. 

Манастирот, кој често се наоѓа над облаците и маглата над реката Зета, останува место на вера, надеж и чудо.

Извор (М.С.К)