Цел град се празни во август: Срцето на Европа во ова време е целосно пусто, еве како функционира!

Во текот на август, многу помали белгиски градови изгледаат целосно напуштени, како Лондон на почетокот на филмот „28 дена подоцна“, бидејќи речиси сите користат колективен годишен одмор.
Кога некој ќе спомене колективен годишен одмор, најчесто помислуваме на работници во пекари, продавници или одредени фирми, но ретко се случува цел град да остане пуст поради тоа.
Доколку во тој период се прошетате низ помали места, како што е Тилт, улиците ќе бидат целосно празни, па дури и морничави. Поголемите маркети остануваат отворени, но најдоцна до 19 часот.
Навечер работат само неколку локали, како киосци со пијалоци, цигари или сладолед – најчесто во сопственост на имигранти. Дури и автоматите за пијалоци и грицки се празни.
Кафулињата не работат, како ни бутиците, фризерниците, книжарниците или продавниците за бела техника. Тилт изгледа сосема напуштено и токму кога ќе се запрашате каде исчезнале сите, ќе сфатите дека се работи за годишни одмори.
Слична е ситуацијата и во Брисел, во самото срце на Европската Унија, каде што многу меѓународни организации, особено институциите на ЕУ, целосно мируваат, а целиот кварт изгледа како напуштен град.
Но, ако се упатите кон белгиското приморје, на пример во градот Де Пан близу француската граница, ќе се најдете во неверојатна гужва. Таму станува јасно – Белгијците можеби се на (колективен) одмор, но кој не заминал во странство, дефинитивно е на брегот на Северното Море.
Поголемите градови како Бриж, Гент или Антверпен се сосема поинакви – преполни со туристи од целиот свет.
Извор: Eupravozato.rs