Сонувавте покојник?! Православната црква го открива вистинското значење на овие соништа

Добивај вести на Viber

Доколку сте сонувале некој што веќе не е меѓу живите, веројатно сте се разбудиле вознемирени и сте се запрашале дали тој сон носи некое подлабоко значење.

Луѓето со векови се обидуваат да најдат одговор на прашањето – дали се работи за порака, предупредување или само за одраз на нашата потсвест. Православната црква има јасен став, а свештеник објаснува кој.

Што вели православната црква за соништата со починати личности?

Психолозите често ги толкуваат соништата како огледало на мислите и внатрешните стравови, но православието има поинаков пристап. 

Рускиот православен свештеник, ереј Евгениј Чебјикин, ги смирува верниците и порачува дека нема причина за паника.

– Не треба да им се придава премногу значење на таквите соништа. Сонувавте, па што? Тоа не е ништо страшно – истакнал тој, додавајќи дека најважно е да се сеќаваме на нашите починати во молитви, а не уплашено да ги анализираме соништата.

Православната црква не толкува секој сон како знак од Бога, но не ја отфрла можноста понекогаш да носи порака. Затоа, според духовниците, верата и здравиот разум треба да одат заедно.

Како да постапите по ваков сон?

Ако сонувате починати, најдобро е да ги споменете во молитвите и да запалите свеќа за покој на нивната душа. На тој начин, наместо да живеете во страв и претпоставки, правите добро и за себе и за нив.

Сонувањето на починат не значи дека ќе се случи нешто лошо, ниту дека тоа е предзнак на несреќа. Во православното учење, таквите соништа се потсетување на минливоста на животот и повик да се молиме за нашите најблиски. Значи, наместо страв – молитва и вера.

Извор: ona.telegraf