Се сликала во бикини на мраз, па итно завршила во болница: Она што ѝ се случило ќе ги замисли сите љубители на интернет предизвиците

Добивај вести на Viber

Познатата бразилска манекенка и инфлуенсерка Карол Росалин заврши во болница по фотосесија во планините на Патагонија на минус 5 степени.

Бразилската инфлуенсерка Карол Росалин (26) итно била префрлена во болница откако позирала за нови провокативни фотографии на -5°C во планини покриени со снег, пишува британскиот „Сан“.

Манекенката, која „Плејбој“ ја нарече „Совршена фитнес жена“, позирала во бикини на снегот кога одненадеж се разболела. Снимањето се одвивало во Барилоче, во аргентинска Патагонија, каде што температурите паднале и до пет степени под нулата.

Опасни услови за снимање

Фотографиите ја прикажуваат инфлуенсерката како позира речиси гола на заледените планини пред да ѝ се слоши.

Карол на своите речиси 2 милиони следбеници им објаснила дека идејата дошла од тренд на кој сакала да се приклучи. Студениот ветер дополнително го засилил чувството на мраз, а таа дури опишала дека имала чувство како да е во фрижидер.

Итна медицинска помош

Инфлуенсерката почнала да се чувствува лошо и побарала медицинска помош пред да биде хоспитализирана. Им открила на своите фанови дека била преплашена кога го изгубила чувството во глутеусот. Овој шокантен настан се случил на 25 август.

По добиената медицинска помош, Карол на социјалните мрежи објавила дека закрепнала.

– Убави мои, веќе ми е подобро. Ви благодарам за љубовта! Правиме луди работи за интернетот, нели? Хаха, но сè е во ред! – напишала таа на Инстаграм.

Барилоче – популарна дестинација

Барилоче е популарна туристичка дестинација во јужна Аргентина, позната по природните убавини и планинските пејзажи.

Карол е прогласена и за жена со „најсовршено тело“ според анализа на „Плејбој Австралија“ направена со помош на вештачка интелигенција.

Извор (М.С.К)