„Ако ги видиш моите деца дека одат на училиште, тоа значи дека сум пропаднал“: Адактар не престанува да шокира со изјави за своите наследници

Добивај вести на Viber

Адам Адактар, самопрогласениот „бог на веѓите“, повторно е во центарот на јавноста откако на неговиот локал на Врачар беа разбиени стаклата. 

Тој реагираше на социјалните мрежи, остро критикувајќи ги непознатите сторители и истакна дека во последно време на Врачар се случуваат напади врз повеќе познати локали.

Адактар, кој е познат по своето богатство поседува бројни недвижнини и луксузен возен парк – откри и дека неговите деца не одат во градинка, а ниту би оделе во државно училиште, освен ако не го отвори мајката на неговата сопруга, која управува со приватни руски градинки.

Иако во неговиот салон доаѓаат бројни славни личности, меѓу кои и Каќа Грујиќ и Весна Змијанац, тој тврди дека не е социјален тип и дека ретко се дружи приватно со луѓето. Откри дека за време на детството често се селел, поради што не создавал долготрајни пријателства, а сопругата Ангелина ја запознал на факултет.

Со овој инцидент, Адактар уште еднаш го привлече вниманието на јавноста, потврдувајќи дека и покрај гламурот и славата, е подготвен остро да одговори на нападите врз него и неговиот бизнис.

Извор: Mondo.rs