„Ако ја видите неа, вашиот маж е уловен во прељуба“: Лана е приватна детективка која заработува на „грбот“ на неверните мажи

Заносните облини на оваа инфлуенсерка чинеле околу 150.000 долари, но Лана (29) брзо го отплатува овој трошок благодарение на „дебелата“ наплата од нејзиниот нов бизнис.
Таа заработува помагајќи им на жените да ги фатат своите момци или мажи кои се склони кон прељуба – и тоа на дело.
Со 76.000 следбеници на социјалните мрежи, таа стана прва адреса за девојките кои сакаат непобитни докази.
„Ми пишуваат во инбокс и ме молат да флертувам со нивниот дечко за да видат дали ќе ги изневери“, вели Лана.
„И верувајте, многумина сакаат. Жените гледаат дека јас сум искушение на кое е тешко да се одолее“, објаснува инфлуенсерката која наводно наплатува и до 5.000 долари за тестирање на машката лојалност, користејќи ги неговите социјални мрежи или телефонскиот број.
За само неколку часа, му праќа неколку „пораки“ и на клиентката ѝ ги проследува сите докази за евентуална сомнителна интеракција.
„Понекогаш е доволен само едно селфи и флертувачко емотиконче. Имав момци кои се обидоа да се видат со мене истата вечер. Искрено, ме шокира колку брзо ‘пукаат’“, признава таа.
Една жена на која ѝ помогнала, заплакала кога ги видела скриншотовите. „Знаев, само ми требаше доказ“, ѝ рекла.
„Подобро е да ја знаеш вистината отколку да живееш во мрак“, додава Лана, која себеси се гледа како гламурозна приватна детективка.
Таа не прифаќа лични средби и секој потег го договара со клиентката. „Не контактирам никого по сопствена иницијатива. Овие жени се обраќаат на мене, и искрено – целосно ги разбирам. И јас би сакала да знам.“
Некои клиентки дури и се шегуваат: „Ако ме изневери со тебе, барем ќе знам дека има вкус“, што Лана го смета за симпатично на свој начин. Други ѝ се заблагодаруваат што ги спасила од „губење години живот со ѓубре“.
Извор