Македонската актерка со главна улога во сопствениот љубовен филм: Се омажи Ивана Павлаковиќ од „5+ Фамилија“

Добивај вести на Viber

Македонската актерка Ивана Павлаковиќ, која публиката редовно ја гледа на сцената на Драмскиот театар во Скопје, се омажи за својот избраник Мирко Гигов, во атмосфера што совршено ја отсликува нивната современа и артистичка енергија.

Свадбената веселба се одржа во познато скопско кафуле, со модерен концепт, топла атмосфера и блиски луѓе кои ја споделија радоста на парот. Ивана за овој специјален ден одбрала долг бел фустан од тантела, кој ја следи линијата на телото и вклучува корсет и долги, елегантни ракави. Фустанот, како и целиот изглед, зрачи со безвременска елеганција и суптилна романтика.

На социјалните мрежи, Ивана сподели фотографија од венчавката, на која напиша:

„Нешто старо, нешто ново, нешто позајмено, нешто сино.“

На настанот присуствуваа голем број пријатели и колеги од актерската сцена, меѓу кои се забележаа Сања Арсовска, нејзина блиска пријателка, како и Катарина Ивановска, Јелена Жугиќ и Александра Белчева – Бела.

Ивана Павлаковиќ јавноста ја запозна со улогата на Ангела во филмот „Деца на сонцето“ (2014), во режија на Антонио Митриќески, каде ја толкуваше улогата на Ангела. Помладата публика пак, ја памети по нејзината улога на Марија во популарната детска ТВ-серија „5+ Фамилија“.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм