Срце во чинија – здрава и природна храна за најмалите

Во првите месеци од животот, бебињата растат неверојатно брзо и им се потребни вредни хранливи материи.
Мајчиното млеко е најдоброто, но не секогаш е можно сите мајки да ги дојат своите бебиња. Затоа, секој оброк што им се нуди треба да биде исполнет со грижа, љубов и најдобрите состојки – како вистинско срце во чинија.
dmBio оброците за бебиња се создадени со внимателно избалансирани рецепти кои го хранат телото и ја разубавуваат секоја насмевка. Од вкусни babylove кашички со говедско или пилешко месо, зеленчук и ориз, до житни каши и гриз што ја задоволуваат гладта во вечерните часови и помагаат за мирен сон – сè е тука за вашите мали гурмани.
Со органски состојки, без додадени ароми, бои или конзерванси, овие оброци се нежна грижа во секоја лажичка, создадени со љубов за да им пружат енергија за нови откритија и безгрижна игра. Бебињата, особено кога почнуваат да откриваат нови вкусови, често сакаат да грицкаат помеѓу оброците. Наместо класични грицки, понудете им нежни и природни опции кои ќе ја задоволат радозналоста и гладта како грицките со ориз и леќа или пак кекс со крупник и малина.
Кога денот ви е полн со обврски, а бебето веќе нетрпеливо бара следна лажичка – нема место за паника! Изберете практични и здрави решенија што ќе ве спасат од стрес, а сепак ќе го нахранат вашето малечко со љубов. А за топлите, сончеви денови – подарете си и вие мал момент на уживање: свежо и кремасто разладување со еден здрав, домашен сладолед. Заедно ќе уживате – вие во вашиот сладолед, а вашето бебе во својата омилена каша.
*ПР објава