ЕКСКЛУЗИВНИ ФОТОГРАФИИ ОД СВАДБАТА НА СТЕФАН ОД „НЕКСТ ТАЈМ“: Наместо прв танц, свадбен дует - Еве кој беше помеѓу гостите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Добивај вести на Viber

По црковната церемонија што се одржа во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, музичарот Стефан од популарното дуо „Некст Тајм“ и неговата избраничка Тинеа, ден подоцна ја продолжија својата свадбена прослава во еден од познатите скопски ресторани.

Наместо традиционален прв свадбен танц, младенците одлучија да ја изненадат публиката со свадбен дует, додека гостите ги поздравуваа со аплаузи и ги овековечуваа моментите со фотографии.

Атмосферата на свадбата била збогатена со комбинација од народна и забавна музика, а не изостанаа ниту песните посветени на Македонија, кои беа неизбежен дел од репертоарот. 

За дополнителна забава се погрижил и Влатко Лозаноски – Лозано, кој покрај тоа што беше гостин, настапи и со свои хитови пред присутните.

Свадбата предизвика интерес и на социјалните мрежи. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, сподели фотографија со младенците и им упати честитка:

„Улете у тавче македонски комита! Честитки Тинеа и Стефан, да сте ни живи и здрави, успешни и среќни…“ – напиша Димитриевски.

Во галеријата подолу може да ги погледнете екскузивните фотографии од свадбата:


Се ожени Стефан од „Некст Тајм“: Тој во кежуал костим и патики, таа во минималистички и тренди невестински фустан