Стил // Стил на денот
Стил на денот: Уште еден труднички изглед на Ријана за кој цел свет зборува

Откако му откри на светот дека е бремена, Ријана гордо го покажува трудничкиот стомак каде и да се појави, но и чудните комбинации кои само таа знае да ги износи.
Фото: Profimedia
Токму таков стајлинг облече за вечера со пријателите во познатиот холивудски ресторан „Џорџо Балди“.
Тесен темно розев фустан со детали од светло зелени пердуви, со потпис на модната куќа „Сен Лоран“ кој чини околу 1.500 евра. Пејачката го надополни со бушава чанта и тиркизни чевли на високи потпетици.
„Ова е мојата порака“: Ријана без двоумење го објасни несекојдневниот труднички стил