Свекорот на Северина со тешко срце призна: Не разговарам со Северина и Игор
Драган Којиќ Кеба
отворено зборува за односот na неговиот син и Северина и рече дека тој не
треба да се меша во нивната врска
Северина со месеци не е видена во јавноста во друштво на нејзиниот сопруг Игор Којиќ. Нивната врска наводно е нарушена, а бракот им е во криза, а на пејачката сега единствениот фокус и е борбата за старателство над нејзиниот син и не зборува во јавноста за односот со нејзиниот сопруг. Музичарот Драган Којиќ Кеба проговори за односот помеѓу неговиот син и Северина.
- Новогодишните празници ќе ги поминам дома, но се сомневам дека целото мое семејство ќе биде заедно. Кога ме прашувате за Северина и Игор, немам претстава што се случува во нивниот брак, не разговарам со нив! Ниту, пак, треба да се мешам во тие работи. Не разговарам за тоа со мојот син затоа што има многу обврски, а и често не е дома. Не знам што се случи со Северина, не разговаравме за тоа. Долго време е во Хрватска, не знам дали планира да дојде наскоро, но тоа е нејзина работа - пренесува ekskluziva.ba
На новинарско прашање дали парот ќе ги помине празниците заедно и дали ќе бидат со своето семејство во Белград, Кеба одговори: - Мојот син и снаа имаат свои животи. Мора да ги прашате дали ќе бидат во Белград за празниците. Не можам да одговорам за нив, бидејќи сигурно не сум добро упатен. И јас незнам.
Северина до оваа пролет беше во идеална врска со родителите на Игор и помина голем дел од март во нивната куќа во Белград кога се случи првиот карантин поради пандемијата на коронавирус. Откако Северина се врати од Белград во Загреб, медиумите во Србија објавија дека таа, наводно, имала силна расправија со родителите на Игор, а расправијата наводно била разгорена со нејзиниот предлог до Којиќ да ги обноват своите куќи.
Фото: Инстаграм/severina/dragankojickeba